Противниците на неонацистичкиот фестивал во источниот германски град Остриц во саботата протестираа на необичен начин: тие го купија целото пиво во тоа место.
Оваа акција дојде кога полицијата го забрани алкохолот на екстремно десниот фестивал Schild und Schwert во хотел во кој се собраа 500-600 неонацисти во петокот и саботата.
Полицијата конфискувала 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри во саботата. На улиците на Остриц 300 луѓе мирно маршираа во знак на протест против фестивалот, а тамошното население организира и купи повеќе од 100 гајби пиво од сите продавници во областа.