САД, Велика Британија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се заложија за дипломатско решение на кризата со Иран.
„Го повикуваме Иран да ги прекине сите активности кои би можеле да ја загрозат регионалната стабилност и ги повикуваме на дипломатско решение за да се смири напнатоста“, се наведува во заедничкото соопштение на овие земји.
Четирите земји истовремено изразија загриженост поради нападот на бунтовниците од Јемен на саудискиот аеродром каде во неделата загина едно лице.