Портпаролката на албанската Влада, Елиса Спиропали, реагирајќи на ставот од кабинетот на претседателот Илир Мета по одлуката на Изборниот колегум дека ќе се одржат избори на 30 јуни, истакна дека „Мета сака да се прикаже како жртва”
Таа напиша на Твитер дека ова е момент кога Илир Мета не може да влијае врз судското тело, и затоа според неа, зборува за „оркестриран скеч”. Таа меѓу другото додава дека Мета сака да се прикаже како жртва зборувајќи за организирана стапица.
– Во момент кога Илир Мета не може да влијае врз судското тело зборува за оркестриран скеч, идентично како моментот кога агресорот убива, а зборува за стапица од жртвата, напиша Спиропали.
По соопштување на одлуката на Изборниот колегиум со која избори на 30 јуни ќе има, Теди Блуши портпарол на претседателот Илир Мета, одлуката ја оцени како „оркестиран скеч”.
– Не е никакво изненадување од последователниот оркестриран скеч, напиша Блуши на социјалните мрежи.
На локалните избори на кои нема да учествува обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ќе учествуваат две изборни коалиции „Алијанса за европска Албанија”, во која се 21 политичка партија и „Надеж за промени” во која се шест партии.
Во изборната трка се и седум независни кандидати и девет политички партии меѓу кои и Македонска алијанса за европска интеграција.