За Раковите важни едно правило: тешко е да ги запознаете и да ги натерате да се отворат кон вас, но штом ве пуштат во нивниот свет, веќе ја имате нивната доверба. Ако стекнете таков пријател, потрудете се да не ги повредите. Тие не се одмаздољубиви, туку се од оние луѓе кои тивко ќе патат.
Ова се 5 причини зошто Раковите се толку посебни.
Контрола
Тие се родени лидери и организатори. Тие се оние кои прават договори за сите собирања. Тие се и многу грижливи и секогаш имаат добри, мајчински намери. Некогаш изгледаат како да наредуваат, но навистина имаат најдобри намери.
Емоции
Логиката не им е најсилна страна, бидејќи сè што прават е базирано на нивните емоции и интуиција. Ако се двоумите и не можете да донесете важна одлука, прашајте ги Раковите за совет и ќе добиете вистински совет, директно од срцето на овие грижливи личности. Нивната цел е сите луѓе да се чувствуваат добро кога се во нивна близина.
Лојалност
Уште една карактеристика поради која ги обожаваме Раковите се нивната лојалност и верност. Тие се свртени кон семејството и пријателите и секогаш ќе бидат тука за оние кои ги сакаат. Ќе најдат време да ве сослушаат и да помогнат.
Независност
Раковите се многу комплексни личности. Тие често си се доволни самите сабееси, но тоа е само на површинско ниво. Бараат слобода, но ја даваат и на другите. Со нив, никогаш нема да се чувствувате како да се љубоморни или посесивни. Имаат преголема самодоверба за да го дозволат тоа.
Контрадикторност
Од сите знаци тие се најмалку доследни. Еден момент, одат на забава, во другиот облекуваат пижами и плачат. Често го менуваат мислењето, но и своето расположение, па така тешко е да ги следите.