Демонстранти се собраа пред седиштето на ДУИ во Тетово и побараа симнување на оваа партија од власт. Протестот го предводи, Блерим Ахмед, братот на Шеик Ахмед, познат под псевдонимот Ел Чека со кој ги објавува прислушуваните разговори во кои се јавуваат гласови на функционери од ДУИ.
Демонстрантите бараат меѓународна истрага за случаите во кои обвинети се етнички Албанци, како и отстранување на седиштето на ДУИ од Мала Речица. Тие се обидува да се доближат до партиското седиште, но беа спречени од полицијата.
-Сме добиле информации дека многу од луѓето кои тргнaле од Кичево, Куманово, Струга добиле закани од полицијата од Полициската станица Тетово и биле блокирани на неколку места и не можеле да дојдат. И на мене ми се закануваше полицаецот Али Касами. Тој ми рече: Кој си ти да дојдеш од Кичево, за да организираш протест во Тетово? , изјави Блерим Ахмети, братот на Ел Чека.
Фото: Gazeta Express