Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски, реагира владејачкиот Социјалдемократски сојуз по прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Димовски треба да одговори за случајот „Топлик“ кој го води СЈО и во кој токму тој е обвинет.
Димовски има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хидро Мицкоски. Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски.
Димовски во јавноста е познат и по тоа што во времето на владата на Груевски беше десна рака на Миле Јанакиевски, против кого се водат многубројни судски процеси.
ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за правда и отчетност, тоа за нив е апстрактен поим.
Времето кога институциите беа злоупотребувани за заштита на криминалот на Груевски, фамилијата и блиски соработници, заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, пред правдата се еднакви сите, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност“, наведе СДСМ во реакцијата.