Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, еден од двајцата кои се борат да ја заменат британската премиерка Тереза Меј, изјави денеска дека неговиот ривал Борис Џонсон е кукавица бидејќи избегнува јавни дебати за брегзит.
„Кога станува збор за дебати, тој е кукавица”, изјави Хант за „Скај њуз“, објави „Ројтерс“.
„Неучтиво е да кажете дека нема да се појавите во ниедна дебата во текот на две недели, кога (партиските членови) ќе можат да ве видат пред да гласаат”, рече Хант.
„Луѓето треба да знаат што ќе направите, а вие треба да одговорите на тие прашања”, рече британскиот министер за надворешни работи.
„На Борис Џонсон му ветувам дека ќе ја има борбата на неговиот живот, и дека ќе ја загуби”, рече Хант.