Американскиот пејач и рокер Џон Бон Џови (57) и неговата сопруга Дороти Херли (56) и неговите синови Ромео (15) и Џејкоб (17) вчера пристигнаа во Цавтат.
Бон Џови ја укотви својата луксузна 60 метри долга јахта „Рарити“, која е изградена во 2008 година и може да прими 12 гости во шест кабини.
Музичарот се прошета низ Цавтат, и притоа им делеше автограми на обожавателите.
https://www.instagram.com/p/BzGu6j8hR61/?utm_source=ig_embed
Сепак, неговиот син Џејкоб се пофали со видеото од нивната луксузна јахта. И откри дека во вечерните часови бил во Дубровник.