Брачен пар се обидел да внесе над милион долари во Мексико

Мексиканските власти уапсиле двојка која се обидела да влезе во земјата со повеќе од еден милион долари скриени во автомобилот.

Министерството за одбрана соопшти дека двојката била уапсена вчера во градот Нуево Ларедо, на границата со Тексас, објави АП.

Националноста на осомничените не е откриена, но се знае дека автомобилот со мексиканска регистрација пристигнал од Хјустон.

Во автомобилот покрај двете возрасни лица, патувало и дете.

Властите во автомобилот пронашле 29 пакети со вкупно 1.070.400 долари, откако возилото минало низ скенер на граничниот премин.

Треба да знаете
Последни објави