Иранскиот министер за надворешни работи тврди дека неговата земја никогаш нема да користи нуклеарно оружје

Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје, објави иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, објави агенцијата ИРИБ.

Тој кажа дека САД користеле нуклеарно оружје во минатото и се осврна на неодамнешната изјава на Доналд Трамп дека тој го откажал нападот врз Иран бидејќи би загинале 150 луѓе.

„Бевте навистина загрижени за 150 луѓе? Колку луѓе убивте со нуклеарно оружје? Колку генерации избришавте со тоа оружје?“, праша Зариф, според „Ројтерс“.

Тој истакна дека Иран, поради религиозните уверувања, никогаш нема да користи нуклеарно оружје.

Треба да знаете
Последни објави