СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ф.(26), А.Ѓ.(24), С.Ф.(52), А.Ѓ.(31), С.Ф.(35) и Г.К.(25), сите од село Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 31.03.2018 година во село Зелениково, во автобус кој сообраќал на релација Скопје – село Зелениково, пријавените физички го нападнале возачот на автобусот.