Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Киријакос Мицотакис ги повика граѓаните што помасовно да учествуваат на претстојните предвремени избори во земјата.
Како што рече, силниот мандат кој Нова демократија сака да го добие, може да зависи од неколку гласови, пренесе новинската агенција „АНА-МПА“.
Мицотакис истакна дека силниот мандат на Нова демократија ќе овозможи формирање на влада која ќе има капацитет за спроведување на реформите во Грција.
Предвремените парламентарни избори во Грција кои се закажани за 7 јули, беа распишани по барање на премиерот Алексис Ципрас, бидејќи неговата партија на локалните избори и изборите за Европскиот Парламент освои речиси десет отсто помалку гласови од Нова демократија.