Буклин Бекам на „Инстаграм“ објави спонзорирана фотографија договорена во соработка со БМВ, но поради еден детаљ објавувањето стана предмет на исмевање.
Синот на Дејвид и Викторија Бекам случајно во описот стави и некои детали што БМВ му ги испратил како упатство за тоа како да се прикаже објавувањето.
https://www.instagram.com/p/BzGMhInll5y/?utm_source=ig_web_copy_link
„Описот е: Одам да го снимам новиот BMW-ов концепт автомобил @BMW #NextGen. Локациска ознака: Минхен”, стои на почетокот под објавата на Бруклин.
Откако неговите следбеници на „Инстаграм“ најдоа грешка и почнаа да го исмеваат во коментарите, Бекам јуниор се коригира и ги отстрани упатствата на спонзорот од објавата.