Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска во Њујорк дека е важно да продолжат мировните напори со цел да се оствари визијата на две држави, Израел и Палестина, кои би постоеле една покрај друга во мир и безбедност.
Гутереш ова го истакна додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да започне во Бахреин економска формула вредна 50 милијарди долари за израелско-палестинскиот мир.
Не е познато дали администрацијата на Трамп планира да го напушти „решението за две држави”, кое вклучува создавање независна палестинска држава која ќе биде „рамо до рамо” со Израел.
Американската администрација постојано одбива да се обврзе на тоа, чувајќи ги во тајност политичките фази на својот мировен план.