Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по поразот на кандидатот од неговата партија за градоначалник на Истанбул, изјави дека ќе извлече поука од „пораката која ја испрати народот”.
– Го немаме тој луксуз да се правиме глуви и да ги игнорираме пораките од народот, изјави денеска Ердоган пред пратениците од својата Партија на правда и развој.
Тој уште еднаш му честиташе на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, кој на изборите во неделата освои 54 отсто од гласовите на бирачите во најголемиот град во Турција.