Започна со работа тринаесеттиот Ликовен-образовен камп „Ванѓел Коџоман” во Струга и Охрид.
Младите ликовни творци ќе цртаат и сликаат познати и непознати мотиви во Струга: Старата архитектура во градот, мотиви покрај езерото и Црн Дрим, во Калишта, Радожда како и посета на ликовната галерија-делата на Ванѓел Коџоман. Во Охрид мотиви од Плаошник, црквата Св. Софија, Св. Канео, Св. Наум, старата охридска архитектура и слично.
Ликовни материјали и техники за работа се: молив, графит и јаглен на цртачка хартија, пастелни бои на сликарска хартија и со акрилни бои на каширан картон и платно.
По завршувањето на ликовната колонија, в недела, 30 јуни, ќе биде подготвена изложба од изработените ликовни дела на 30 млади уметници. Отворањето на изложбата ќе биде во почетокот на месец септември во изложбениот простор на ликовниот центар и галерија во Кинотеката на Северна Македонија.