Името на новиот премиер на Обединетото Кралство ќе биде објавено на 23 јули, објави денеска Конзервативната партија.
Околу 160.000 членови на партијата ќе се изјаснат по пошта дали Тереза Меј како лидер на партијата и владата ќе ја наследи Борис Џонсон или Џереми Хант.
Гласањето завршува на 22 јули, а името на победникот ќе биде објавено следниот ден, објави „Ројтерс“.