По вчерашната тешка несреќа на два авиона во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, речиси 300 војници од федералните вооружени сили го пребаруваа теренот, каде што се разбија леталата.
Тие користеа опрема за ноќна визија и моќни проектори.
Околу 14 часот вчера два борбени авиона од типот „Еурофајтер” се судрија и се разбија, пилотите успеаја да се катапултираат. Еден бил пронајден жив меѓу гранките на дрвјата, а другиот не успеа да преживее.
Преживеаниот пилот бил најден околу 14:45 часот во шумата во близина на селото Носентинер Хуте. На околу 20 метри тој висел на гранка на едно дрво.
-Нашата доброволна противпожарна служба требаше да го спаси со скала, коментира Биргит Курт, градоначалник на селото.
Според полицијата, пилотот веднаш покажал знаци, бил повреден и однесен во болница.
Веднаш по инцидентот, речиси 200 полицајци пристигнаа на езерото Мириц, над кое се судрија авионите. Тие предупредија на опасни остатоци. Денес војската продолжува со потрагата.