Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени, информира „Независен весник“.
Според мештаните, акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.
Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.
Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.
Во куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.
(Фото: Независен Весник)