Американската прва дама Меланија Трамп денеска објави дека нејзината портпаролка Стефани Гришам ќе биде новата прес секретарка на Белата куќа.
Гришам, која е заедно со семејството Трамп од 2015 година, исто така, ќе ја преземе и должноста директорка за комуникации.
„Не можам да замислам личност коа подобро ќе служи на американската администрација и на нашата земја”, напиша на Меланија Трамп на Твитер.
Гришам доаѓа на местото на Сара Сандерс, која ќе ја напушти функцијата до крајот на месецот.