Раководството на Пари Сен Жермен подготвува понуда за еден од најголемите таленти во Серија „А”, тврди „Париз Јунајтед”. Станува збор за полудефанзивецот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој беше предмет на сериозен интерес од голем број европски гиганти уште минатото лето.
Според информациите, ПСЖ ќе се обиде да го привлече Милинковиќ-Савиќ на „Парк де Пренс”, а во договорот ќе понуди и свој играч – Леандро Паредес. Сензацијата на Лацио ќе излезе премногу скапо на францускиот шампион, поради што раководството на „принцовите” ќе се обиде да ја намали цената преку вклучувањето на Паредес во трансакцијата.
Но, не е сигурно дали Лацио ќе биде заинтересиран за Паредес. „Орлите” сигурно ќе имаат потешкотии да го задржат талентираниот фудбалер во своите редови од „нападите” на големите клубови на Стариот континент, но можат и да извлечат сериозни финансиски придобивки од неговото евентуално заминување.