Крилото на Манчестер Сити, Лерој Сане воопшто не е во дилема дали да потпише со Баерн Минхен и едвај некогаш ќе заигра на стадион „Алијанц Арена”.
Според авторитетни весник „Зидојче цајтунг”, германскиот репрезентативец е големо злопамтило, откако не може да им прости на Баварците за нивната одлука од 2016 година.
Баерн го игнорираше Сане и го остави да премине од Шалке во Манчестер Сити, иако уште тогаш најуспешниот германски клуб бараше наследници на легендите Франк Рибери и Арјен Робен.
Во материјалот се вели дека 23-годишниот Лерој изјавил пред блиски уште пред неколку недели дека едвај некогаш ќе отиде во Минхен, освен на одмор …