СДСМ со соопштение реагира на прес конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, коај обвини за криминал во владеачката партија.
–Очигледно дека раководство ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности, во транс од лицемерие на прес конференција во белиот дворец зборува Ане Лашкоска, симбол на непотизам во Прилеп и околината. Единствената „реформа” што ја знае Лашкоска е како да го вработи речиси целото свое семејство во државни институции. Наместо да прераскажува содржини објавени на социјални мрежи, Лашкоска треба да одговори, како нејзниот брат станал член Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица”, а неговата сопруга се вработила во ОУ „Кире Гавриловски”во Прилеп? Пред да зборува за реформи и капацитети, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ да одговори како нејзината мајка станала директорка на ОУ „Добре Јовановски”?
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои се посветени на лажни вести и деструкција, СДСМ демонстрира сериозна одговорност пред граѓаните и пред сопствената држава. Во таа насока се и одлуките за суштинско спроведување на промени на централно и локално ниво, со единствена цел забрзување на економскиот напредок на земјата, за подобри услови во општеството и подобар живот на сите граѓани. Сите избрани или именувани носители на јавни функции за својата работа сносат одговарност пред граѓаните и законите. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност, велат од СДСМ.