Жалам што господинот Петар Атанасов си поднесе оставка на таков начин, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Сител.
Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер.
Јас во саботата ја донесов конечната и му ја соопштив, рече Заев, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане Министер за образование ќе си поднесе оставка.