Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, по воведувањето на новите американски санкции против Иран, рече дека Вашингтон и натаму е подготвен на разговори со Техеран, а иранскиот претседател го обвини дека лаже.
„Претседателот ја остави отворена вратата за вистински преговори за целосна и доверлива елиминација на иранската нуклеарна програма, неговиот систем на балистички ракети, поддршката на меѓународниот тероризам и останатото злосторничко однесување во делови на светот“ рече Болтон во Ерусалим.
„Се што треба да направи Иран е да влезе низ таа врата“ додаде тој.
САД се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година, потпишан меѓу светските сили и Иран, чија цел беше спречување на иранската нукеларна програма во замена за укинување на санкциите. Техеран ги отфрли обвинувањата дека развива нуклеарно вооружување.
Трамп вчера потпиша указ за нови санкции кон Иран, насочени кон врховниот лидер ајаталахот Али Хамнеи и други високи функционери, како одмазда за уривањето на американското беспилотно летало, но некои санкции биле планирани и пред инцидентот