Актерот Киану Ривс веќе некое време е една од најомилените холивудски ѕвезди, а тоа обожување на славниот глумец отишло толку далеку, што повеќе од 70.000 луѓе потпишале петиција, магазинот „Тајм“ да го прогласи за лице на годината.
На страницата чејнџ.ком се појави петицијата во која стои описот: „Киану е најдобрата личност која постои, прогласете го за лице на годината. Киану тајно донираше милиони во детски болници и други добротворни здруженија, направи неверојатни работи за луѓето и ништо не побара за возврат“.
Целта е да се соберат 150.000 потписи. Инаку „Тајм“ секоја година прогласува лице на годината, а минатата година таа титула ја доби убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, а со него и тројца други новинари кои „Тајм“ ги прогласи за претставници на борби во безброј други делови на светот. Новинарите заеднички се наречени – „Чувари“ или „The Guardians“.
На социјалните мрежи често се пишува како славниот актер се однесува кон своите фанови. Во една прилика, тој купил сладолед само за да добие сметка на која се потпишал и дал негов автограм на една 16-годишна девојка.