Владата на Република Северна Македонија денеска на седница го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.
Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.