Двајца падобранци загинаа во воените вежби на Крим

За време на скок со падобран загинаа двајца припадници на воздухопловните сили, објави прес-службата на Јужниот воен округ.

Трагедијата се случи на полигонот „Стар Крим“: двајца падобранци се спуштиле во водата и „не успеале да се ослободат од падобранот”.

„Беше преземена операција за спасување која не даде резултати. Војниците потонаа“, се вели во соопштението.

Од 24 јуни до 30 јуни се одржуваат воени вежби на единиците од Централната и дел од Јужната воена област.

Треба да знаете
Последни објави