Антитерористичка акција во рускиот град Саратов завршила со убиство на еден милитант, за кој се сомнева дека е поврзан со терористичката група Исламска држава.

Сојузната безбедносна служба на Руската Федерација (ФСБ) потврди дека осомничениот е „неутрализиран“ откако пружал отпор при апсењето.
Милитантот планирал терористички напад на локација со многу луѓе во Саратов.
ФСБ јавува дека осомничениот успеал да набави експлозив и сѐ што е потребно за изработка на експлозивни направи и дека во гаражата има лаборатирија во која изработувал експлозиви.
Безбедносната служба соопшти дека на местото на инцидентот биле најдени и огнено оружје, муниција и разни делови на експлозивни направи.