Бугарскиот премиер Бојко Борисов се надева на договор во заедничката комисија за историја за, како што рече, да можат максимално да продолжат со поддршка на Северна Македонија за членство во НАТО и ЕУ, пренесе „360 Степени“.
Изјавата на Борисов за Гоце Делчев е на линија на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој во петокот рече дека има два неспорни историски факти – дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и дека во исто време се борел за самостојна македонска држава.
Утре во Софија ќе отпатува шефот на дипломатијата Никола Димитров за да учествува на конференција на црноморската иницијатива, каде се очекува да се сретне со колешката Екатерина Захариева. Пред посетата, Димитров изјави дека се надева оти Бугарија и С. Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев. Тој се надева дека македонскиот успех е многу важен и за пријателска Бугарија и дека ќе се најде начин тие не само да не бидат пречка на патот кон ЕУ туку промотор, како на ланскиот Совет за општи работи и на неодамнешниот во Луксембург.