(Видео) Велковски: ВМРО-ДПМНЕ да почне да зборува вистини, ги потсетуваме на нивните лажни вести за мигрантски кампови

Во обраќање пред пратениците, пратеникот на СДСМ и коалицијата Диме Велковски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да зборуваат вистини и ги потсети за нивното ширење на лажни вести за мигранти, мигрантски кампови кои лажно ги пласираат пред 1,5 година.

„СДСМ и коалицијата во континуитет работат за обезбедување на безбедноста на Република Северна Македонија и сугурноста на нашите граници и тоа е потврдено. ВМРО-ДПМНЕ пред 1 и пол година зборуваше дека во нашата држава ќе останат над милион мигранти, дека ќе се градат бегалски кампови и со таквите тврдења,  директно ги лажевте граѓаните и јавноста. Време е да почнете да зборувате вистина”  рече Велковски.

Треба да знаете
Последни објави