Военото решение на кризата во Венецуела се уште е опција за ставање крај на политичката криза, особено ако претседателот Николас Мадуро продолжи со убивање на демонстрантите, вели лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.
Гваидо наведува дека во демонстрациите во Венецуела до сега се убиени 171 човек.
Лидерот на опозицијата споменува неколку можни решенија на кризата во земјата. Едно од решенијата, според него, е воспоставување на воена транзиција, која целосно ќе доведе до слободни избори. Тој процес, Гваидо го споредува со транзицискиот процес кој се случил во земјата кога во 1958 година од власт е симнат диктаторот Маркос Перез Хименес. Тогаш војската управувала со земјата 9 месеци пред да бидат спроведени слободни избори.