Како автоматизацијата продира се подлабоко во нашето секојдневие, растот на бројот на роботи би можел да избрише 20 милиони производствени работни места до 2030 година. А наскоро роботите ќе го раздрмаат и услужниот сектор. Ова предвидување произлегува од новата студија, која денеска ја објави „Оксфорд Економикс“, на независната истражувачка компанија од Велика Британија, пишува „Фајненшал Пост“.
„Иновациите на полето на уметничката интелигенција, машинското учење и компјутерските сили сугерираат значајно забрзување во усвојувањето на роботите во услужните сектори“ пишува во студијата.
Студијата ги анализирала седумте напредни економии во светот: САД, Германија, Велика Британија, Франција, Шведска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.
„Овие земји се избрани врз основа на квалитетот на достапните податоци и поради тоа што се репрезентативни на глобалната економија. Можеме да претпоставиме дека големите градови ќе бидат под помало влијание од руралните економии, ориентирани кон производство “, рече Едвард Коун од „Оксфорд Економикс“, еден од уредниците на студијата.