Четири деца загинаа во пожар во куќа во САД

Шест лица, вклучувајќи и четири деца загинаа во пожар во куќа во градот Пикeрел, во американската држава, Висконсин, соопштија властите.

Како што пренесе „АП“, две лица успеале да се спасат.

Канцеларијата на локалниот шериф наведе дека во куќата заедно живееле неколку семејства.

Истражните тимови ги утврдуваат причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави