Во Германија е уапсен државјанин на Босна и Херцеговина кој беше баран од Белгија во врска со терористичкиот напад во Париз во 2015 година.
Обвинителството на Дрезден соопшти дека станува збор за 39-годишен осомничен, чиј идентитет не беше откриен.
Се тврди дека тој е уапсен минатата недела и е осомничен во врска со нападите во Париз.
Според АП, белгиските власти издале потерница по него поради давање поддршка на терористичка организација.
Уапсениот е притворен додека не се донесе одлука за евентуална екстрадиција.
Во нападите на исламските екстремисти во Париз на 13 ноември 2015 година, загинаа 130 луѓе.