Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од денеска, 27.6.2019 година до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци.
Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори.
Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина Аеродром е да се овозможи вклучување на сите лица во општеството без разлика на старосната граница и полот во културните манифестации.
Инаку, асоцијацијата „Ластовица“ е граѓанска организација што се занимава со овозможување услови за инклузивно општество и заштита на правата на децата со посебни потреби.
Имено, бесплатните латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток од денес до 31 јули со почеток од 20:00 до 21:00 часот.
Ве молиме доколку ја објавувате информацвијата да го вметнете и овој податок.