И покрај тоа што Челси има забрана за регистрирање на нови играчи за следната сезона, има опција да ги остави во клубот играчите кои минатата сезона настапуваа за нив како позајмени фудбалери.
Таков беше случајот со Матео Ковачиќ од редовите на Реал Мадрид за кого многу се шпекулираше во последниве неколку денови.
Некои информации говореа дека Челси не планира да го откупи неговиот договор и дека Хрватот ќе се врати во Интер, но сепак, како што стојат работите тој и следната сезона ќе ја помине на „Стемфорд Бриџ“.
Се пренесува дека Реал Мадрид и Челси постигнале конечен договор, па следните денови ќе се официјализира перманентниот трансфер на играчот од средниот ред.