Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Веќе од утре и за време на викендот се најавува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо намалување на температурите, а од понеделник следува период на стабилно и доста топло време. Во петок понекаде можна е појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.