Уапсен братот на Ел Чека

Блерим Ахемети, братот на Шекерим Ахмети, кој под псевдонимот Ел Чека, од профил на Фејсбук објавуваше прислушкувани разговори на функционери на  ДУИ, денеска е уапсен.

Ахмети беше организатор на протестите пред неколку дена пред седиштето на ДУИ во Tетово, а на истиот присусутвуваа и други членови од семејството на Ел Чека.

Засега е познато дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела –  напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.

Треба да знаете
Последни објави