Фредериксен го објави составот на новата данска Влада

Новата премиерка на Данска, Мете Фредериксен од Социјалдемократската партија го објави составот на владата откако доби поддршка од три помали левичарски партии.

Фредериксен, која со 41 година е најмлад дански лидер, најави дека заменик-претседателот на Социјалдемократската партија Николај Вамен ќе биде министер за финансии, додека министер за правда ќе биде Ник Хакеруп. Таа претходно го именува неодамна избраниот член во Европски парламент, Јепе Кофод за министер за надворешни работи.

Социјалдемократите победија на 5 јуни, но не можеа да формираат влада бидејќи се залагаа за прилично рестриктивна имиграциска политика. Тие по изборите добија поддршка од помалите левичарски влади.

Треба да знаете
Последни објави