Членови на анархистичката група „Рубикон” со четири мотори дојдоа до домот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во населба во северниот дел на Атина, каде фрлија летоци и си заминаа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку текст објавен на анархистички сајт, „Рубикон” презеде одговорност за нападот и повика граѓаните да не излегуваат на гласање на парламентарните избори на 7 јули и да се организираат и да се борат за анархија.