Апостолска се сретна со полскиот амбасадор Тицињски

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска се сретна со полскиот амбасадорот, Војциех Тицињски, информираат од кабинетот на министерката.

Претставувајќи ги владините економски политики во делот на привлекување и стимулирање на нови странски инвестиции, министерката Апостолска истакнала дека добрите политички односи меѓу двете земји создаваат одлична подлога за унапредување на односите меѓу двете бизнис заедници и понатамошно зајакнување на позитивниот тренд во трговските релации од почетокот на годинава, кои во периодот јануари-март бележат раст од 14,7 отсто споредено со иститот период од минатата година.

– Посветеноста во реализацијата на стратегиските приоритети за полноправно членство во ЕУ и НАТО и активните економски политики кои Владата на Република Северна Македонија ги води, создаваат атрактивно деловно опкружување за отпочнување на нови инвестициски проекти. Согласно јасно поставени и достапни критеируми секој инвеститор од Полска може да ја очекува нашата конкретна поддршка за отворање на нови работни места, за воспоставување на соработка со домашните компании, отворање на центри за истражување и развој, за капитални инвестиции во нови машини и опрема”, рече министерката Апостолска.

Амбасадорот Тицињски на средбата истакнал дека висок приоритет во наредниот период ќе биде понатамошно развивање на економските релации меѓу двете земји, притоа изразувајќи подготвеност за вклучување во активно промовирање на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред бизнис заедницата во Полска, се наведува во соопштението од кабинетот на министерката.

Треба да знаете
Последни објави