Атлетико (Мадрид) подготвува исклучително силна селекција. „Јорганџиите” веќе упатиле понуда од над 100 милиони евра за младата ѕвезда на Бенфика – Жоао Феликс, а пред тоа го привлекоа и Маркос Љоренте од Реал Мадрид.
Од Атлетико сепак ќе се обидат да потпишат со уште еден од „белите”, а тоа е Хамес Родригез. Во последните две години тој играше под наем во Баерн Минхен, а сега од Реал Мадрид се решени да го продадат. Според „Кадена СЕР” од Атлетико ќе се обидат да го земат првично на изнајмување и по година да го откупат.
Сепак, ова, исто така, може да го попречи трансферот, бидејќи Наполи се смета за голем фаворит за потписот на Хамес. Карло Анчелоти лично турка за репрезентативецот на Колумбија да пристигне на „Сао Паоло”, а клубот е подготвен веднаш да го откупи, што е голема предност.