Алжирецот Феузи Забаат (17) е прогласен за херој откако спасил двегодишно дете кое паднало низ прозорецот на вториот кат од зграда во Истанбул, објави Би-Би-Си.
Забаат успеал да фати двегодишната Дохо Мухамед, кој се препнала и паднала низ отворениот прозорец, додека нејзината мајка била во станот и готвела.
За среќа, момчето видело од улицата дека нешто може да се случи и кога детето паднало успеало да ја фати, па девојчето не претрпело никаква повреда.