Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека евентуална војна на САД со Иран би била краткотрајна, претставува „илузија”, објави денеска на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.
Според него, заканите на Трамп за уништување на Иран се рамни на „закани за геноцид”.
– Уништувањето е рамно на геноцид и воено злосторство. Краткотрајна војна со Иран е илузија, наведе Зариф на Твитер.
Трамп вчера изјави дека војна меѓу САД и Иран е „нешто што би можело да се случи и не би траело многу долго”.
Претходно во вторникот, Трамп се закани дека САД ќе уништат делови на Иран доколку Техеран нападне „што и да е американско”.