Аргентинската полиција денеска соопшти дека во обемна операција запленила околу 1.000 пушки, над 30.000 куршуми од различен калибар и над сто експлозивни направи, што претставува досега најголема заплена на оружје во историјата на Аргентина.
Во рамки на операцијата бил извршен претрес на околу 50 локации и биле уапсени 17 лица.
Полицијата информира дека запленетото оружје во Аргентина било прошверцувано од САД и од земји од Европската Унија.
Меѓу запленетото оружје имало пушки „Калашњиков” и митралези „Браунинг”.
При операцијата се конфискувани и околу 166.000 долари во готовина.