Престојот во Осака, Трамп го почна со вечера со австралискиот премиер

– Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот престој во Осака, каде во следните два дена ќе се одржи самитот Г20, со вечера со австралискиот премиер Скот Морисон.

Двајцата водачи си размениле пофалби, а Трамп рекол дека би сакал да ја посети Австралија подоцна оваа година, за време на одржувањето на престижниот турнир во голф Куп на претседатели, пренесува Танјуг.

Трамп, исто така рече дека двата народи „многу тесно соработуваат” кога е во прашање трговијата.

– Можам многу лесно да кажам дека бевме многу добри кон нашите сојузници, соработуваме со нив, дури и им помaгаме со воените сили, иако наследив голем трговски дефицит со сојузниците. Значи, ние се грижиме за себе и тоа го правиме попозитивно од кога било досега, но ние исто така се грижиме за сојузниците, рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави