Претседателска палата: Есебеси не е починат

Претседателот на Тунис, Беџи Каид Есебеси, кој денеска беше пренесен во воената болница во главниот град поради акутни здравствени проблеми, не е починат, демантира Претседателската палата, додавајќи дека неговата состојба е подобра.

Неговиот советникот Фирас Гефрех истакна дека шефот на државата се наоѓа во „стабилна состојба”, а претходно локалните медиуми објавија дека 92-годишниот Есебеси починал.

Соопштението за влошената здравствена состојба на тунискиот претседател доаѓа по денешните два самоубиствени бомбашки напада во градот Тунис, при што загина еден полицаец, а уште осум лица се повредени.

Есебси, првиот демократски избран претседател на земјата, дојде на власт во 2014 година, три години по Арапската пролет, кога беше соборен долгогодишниот диктатор Зин Бен Али.

Тој беше кратко хоспитализиран и минатата недела, по што објави дека не планира да се кандидира за втор мандат на изборите предвидени во ноември годинава, додавајќи дека некој помлад треба да раководи со државата.

Треба да знаете
Последни објави