Нема поголем успех за една Владата и една генерација на политичари од тоа да се обезеди сигурна безебдна и политички стабилна држава со исполнети стратешки интереси како членството во НАТО и ЕУ, што и успева на оваа Влада, истакна пратеничката на СДСМ Фросина Ременски на денешната седница на Собранието.
Што се направи оваа Влада за двете години мандат доволно говорат бројките и официјалните податоци, говорат извештаите на Европката Комисија за напредокот на Република Северна Македонија. Направивме клучен пресврт во амбиентот во кој живееме.
Нашето општество се демократизираше и успеа да излезе од дефиницијата за хибриден режим и заробена држава. Исполнувањето на политичките критериуми, решавањето на отворените прашања со сите соседи, покажува дека европската перспектива на државата, стабилноста на регионот
и демократскиот и еконосмки просперитет се загарантирани, посочи Ременски.
Пратеничката Ременски се осврна на економските успеси, потенцирајќи дека со домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ растат платите и пензиите, пензискиот фонд е стабилен и повеќе нема задолжувања заради исплата на пензии и плати, што беше секојдневние во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Не случајно 2019 е најавена како година на економија. Тоа е така затоа што оваа година очекуваме почеток на преговорите со ЕУ а во декември да станеме и 30 земја членка на НАТО.
Тоа ќе значи и раст на животниот стандард, крај на неизвесноста на младата генерација, но и поттик за многу други реформи во интерес на граѓаните и државата.