Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди денес островите Кермадек во Пацификот, објави Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот е 159 километри југозападно од островот Рул, објави „Ројтерс“.
На островот Рул нема населби, туку само метеоролошка станица.
Островите Кермадек се 800-1.000 километри североисточно од Нов Зеланд.